Втора државна лига на НЈВ, 5-то коло, Сиднеј Македонија – Макартур Рамс 5:0

За убедливата победа на  Сиднеј Македонија моќеби “помогна” и судијата Квин кој во 33-тата минута го испрати на предвремено туширање фудбалерот со број 21, Алие, така што противникот до крајот на натпреварот играше со еден играч помалку.

Две минути подоцна Бакрданикоски беше фаулиран пред голот на противникот, судијата покажа на белата точка, а Томиќ ударот од 11 метри го претвори во гол.

На една минута пред крајот на првото полувреме  итриот Петратос го зголеми водството на 2:0.

Капитенот Тодороски упорно настојуваше да ја затресе противничката мрежа, а желбата му се исполни во 65-тата минута (по изведениот корнер).

Во 85-тата минута и Смит се запиша во листата на стрелците за 4:0, а во последната моменти од натпреварот, откако брзоногиот Смит беше фаулиран во казнениот простор, судијата по втор пат покажа на белата точка, а сигурен егзекутор на пеналот беше Дими Петратос. 

К.М.

Останати вести