Газдите на “чавките“ ја открија својата тренерска желба, подготвуваат огромна плата

Њукасл наскоро ќе добие нов тренер, арапските сопственици имаат една голема желба.

Според пишувањата на водечките островски медиуми, Њукасл подготвува понуда за актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез. Наводно на Мартинез му нудат три пати поголема плата од онаа која ја добива како селектор на Белгија.

Мартинез се споменуваше како нов тренер на Барселона, поточно наследник на Роналд Куман, но очигледно Барселона не може да парира на финансиските барања на Мартинез, додека за богатите сопственици на Њукасл, тоа ќе биде ситница.

„Чавките“ полека тргнуваат и во лов на некоја од ѕвездите и веќе од оваа зима да го создадат костурот на екипата.

Тимот е во зоната на испаѓање во моментов, па богатите сопственици и претходно од очекуваното ќе мораат да трошат пари за засилувања, за да не се случи клубот да испадне во Чемпионшип.

Останати вести