ГАЛА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈДОБРИТЕ ВО НАЦИОНАЛНАТА ПРЕМИЕР ЛИГА НА НЈВ

Минатава седмица во Star Event Center во Сиднеј се одржа традиционалната вечер во која се врачија признанија за најдобрите фудбалери во НПЛ. Над 900 присутни уживаа во овој настан како круна на успешно завршената сезона во 2023 година. Играчи, тренери, официјални лица, како и гости од висок профил присуствуваа вечерта во релаксирана атмосфера и им оддадоа почит со признанија за достигнувањата на спортистите во НПЛ на НЈВ за мажи и жени.

Наградата за најдобра стрелец во лигата, популарно наречена “златна копачка” ја доби Алек Урошевски од Рокдаел Илинден, а во женска конкуренција Ашли Крофтс од АПИА Лејкард. Како најдобар голман на годината беше одликуван Иван Нечевски кој го бранеше голот на АПИА Лејкард.

Останати вести