Објавени се имињата на номинираните за наградата најдобар тренер на годината во изборот на „Globe Soccer Awards“. Организаторите на наградата ја објавија конечната листа на кандидати за 2023 година.
За наградата номинирани се: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Микел Артета (Арсенал), Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Симоне Инзаги (Интер), Марсел Колер (Ал-Ахли Каиро), Лионел Скалони (репрезентација на Аргентина), Лучијано Спалети (Наполи, репрезентација на Италија) и Чави (Барселона).
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 19 јануари во Дубаи.
28 Oct 2026
26 Oct 2026