Генерален штрајк во УЈП од 27 јуни: Ќе останат ли сите вработени во државата без плата?

Ќе останат ли сите вработени во државата без плата, а државата без пари од даноци и придононеси?
Синдикатот на УЈП највува генерален штрајк следната недела – што би значело неисполнување на ниту една обврска. Сите плати во државата се исплаќаат преку Управата за јавни приходи, сите платежни налози на фирмите одат преку неа, како и собирањето пари од даноци, акцизи, придонеси.
Ако не се зголемат платите за 30%, Синдикатот со последно предупредување – ќе има блокада на целиот систем во државата.

-Последен рок е 27 јуни, два дена плус или минус, тоа не е важно. Важно е дека ако стапиме во генерален штрајк ќе има целосен застој во функционирањето, односно нема да се извршува ниту една функција. Се што е поврзано за права и обврски на секторот и физички лица, а треба да го спроведува УЈП, ќе биде оневозможено и ќе дојдеме до поголеми состојби на нарушување на поголеми состојби на општеството во целина. Сите кои ќе сакаат да се постапи по нивни барања и други обврски, нема да се извршуваат затоа што вработените нема да ги исполнат обврските ако дојдеме до генерален штрајк, изјави Васе Неданоски, претседател на Синдикат на УЈП
Од Министерство за финансии молк. Нема информација дали остануваат на стартиот став – нов колективен договор за цела администрација или ќе се најдат пари за покачување на платите во УЈП и царина.

Останати вести