Големи протести пред Владата: Ултиматум – Не, благодарам! Не ни треба ЕУ ако треба да се асимилираме

ВМРО-ДПМНЕ го повика народот во што поголем број на секојдневни протести пред Владата

– Ова е сенароден протест, овде нема политика, има само една партија, тоа е Македонија. Она што сакам да го порачам е дека денеска Македонија се буди и сите оние што сакаат со потпис да стават крај на Македонија, ќе стават крај. Јас не сакам да бидам во Европа бидејќи сакам да сум Македонец. Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. На оние во Владата сакам да им порачам дека не ме интересира пораката на Еди Рама, за мене е важна пораката на овие илјадници луѓе овдека, тоа е “НЕ”. На тие кукавици кои се закануваат со меѓуетнички тензии сакам да им кажам дека овој народ одамна ги надрасна криминалците во политиката, и овој народ се бори за својот идентитет и овој народ е подготвен да се избори за својот идентитет – рече Мицкоски за време на протестот во саботата вечерта пред Владата.

Во врска со изјавата на министерот Бујар Османи дека организирањето протест е неодговорен чин и дека требало Мицкоски да причека да му бидат објаснети детали од предлогот, лидерот на опозицијата одговори:

– Немам намера да се поздравам, а не пак да се сретнам со Бујар Османи за да ми го објаснува францускиот предлог, затоа што тој се заканува со меѓуетнички тензии, изјави Мицкоски.

На протестот пред многубројниот народ за отфрлање на “францускиот предлог“, а кој е над се ултиматум, говореа многу познати личности: спортскиот коментатор Тони Стојановски, историчарката Наташа Котлар, новинарот и уредник Коле Чашуле, професорката од Институтот за македонски јазик Елка Јачева Улчар, музичарот Петар Георгиевски, новинарката од МРТВ Гордана Ѓорчева,

– Вечерва велиме „но пасаран”. Подадовме рака, ни ја бараат душата, а има ли цена душата… Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме. Отпорот ќе биде секогаш, а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина, беше порачано на протестот.

Негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Народот често скандираше “Оставка, оставка!“

Останати вести