Деветнаесет мажи уапсени поради педофилија

Деветнаесет мажи се уапсени во Австралија под обвинение за злоупотреба на деца, откако дојава на американското Федерално истражно биро (ФБИ) откри „софистицирана“ меѓународна педофилска мрежа.

Шефицатана австралиската федерална полиција Хелен Шнајдер истакна дека 13 деца биле спасени од мрежа која користела шифрирање и други средства за споделување материјал за експлоатација на интернет.

– Криминалците кои користат шифрирање на “Црната мрежа“ претставуваат предизвик за спроведување на законот, но операцијата “Бакис“ покажува дека кога работиме заедно, можеме да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата – рече таа.

Осомничените се на возраст од 32 до 81 година, а лицата наводно самите го изработувале материјалот за сексуална злоупотреба на деца.

Полицијата почна да ја истражува мрежата откако двајца агенти на ФБИ, кои истражуваа злосторства за сексуална злоупотреба на деца, беа убиени во 2021 година.

Останати вести