Документарен филм за Дарко Панчев, европската “златна копачка“

Македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев добива документарен филм за неговата кариера, а премиерата (беш)е во Скопје на 24 април.

Документарецот е насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, а во него се говори за фудбалскиот пат на еден од најдобрите фудбалери и центарфори во поранешна Југославија.

На проектот наменет за “Златната копачка“ и “Сребрена топка“ од Македонија работеа и го снимаа и продуцираа “Спортклуб“ телевизија, “Спорт Нетворк Продукција“ од Србија и “Спортското радио 90.3 фм“.

Промотивното емитување на филмот беше во хотелот „Александар Палас“ пред голем број поканети гости, новинари, спортски работници, екс-фудбалски ѕвезди, соиграчи и ривали на нашата фудбалска икона, Дарко Панчев.

Реализацијата на филмот е под генерално покровителство на Универзитет Скопје.

Останати вести