Дрогиралe и сексуално злоставувалe болно момче

Австралиската двојка Пол (50) и Џулија Бамфорт (49) се соочуваат со 146 обвиненија откако пет години  сексуално злоставувалe и снимале момче со когнитивен хендикеп.

На нивното судење, тие се изјаснија за виновни во врска со ужасната  злоупотреба на момчето помеѓу 2015 и 2021 година, кога полицијата упадна во нивниот дом во Нарара, Нов Јужен Велс.

Меѓутоа, за време на сведочењето, Пол ја обвини својата наводна доминантна сопруга и рече дека таа има желба да е во врска со мали деца. Тој на судењето изјави дека тогаш бил невработен, дека земал големи количини на дрога и дека е потчинет на сопругата која е доминантна страна во врската, а тој само ги слушал нејзините желби.

Форензичкиот психолог Кристофер Ленингс рече дека е можно сопругата на Пол да „има желба за тоа сексуално отстапување“ и дека Бамфорт само ги исполнува нејзините желби и дека е „збунет и амбивалентен“ во врска со признавањето на сексуалните злосторства.

Останати вести