Експертите бараат трајна забрана на усташкиот собир во Блајбург

Стручната комисија при австриското МВР смета дека усташката комеморација во Блајбург треба да се забрани.

Комисијата дошла до заклучок дека собирот на десничари нема никаква врска со комеморацијата и дека треба трајно да се забрани.

Тие истакнаа дека организаторите во последните години не ги презеле неопходните мерки за отстранување на усташките симболи меѓу учесниците.

Дури и поттикнале истакнување на нацистички симболи, се вели во извештајот на експертската група.

Треба да се забрани глорификацијата на фашизмот врз основа на Државниот договор на Австрија, додаваат експертите во комисијата.

Последната комеморација во Блајбург се одржа пред две години и може тоа  да биде и последна. Собирот во Блајбург го организираше почесниот вод Блајбург под покровителство на хрватскиот Сабор.

Виенскиот весник „Пресе“ посочува дека во искажувањето на препораката учествувале експерти од МВР, историчари, адвокати и претставници на Римокатоличката црква, во која јасно стои дека собирите во Блајбург треба трајно да се забранат.

Австриската влада формираше комисија од експерти во 2019 година, по неколку години усташки ексцеси во Блајбург.

Минатата година Народната партија на Австрија (ОВП), Социјалдемократската партија (СПО), Зелените и Неос во парламентот донесоа одлука да направат експертска проценка на собирот во Блајбург.

Останати вести