ЕСЕНСКА ИГРАНКА НА КУД „ВАРДАР“ ОД БЕНКСТАУН

Македонското културно-уметничко друштво „Вардар“ од Бенкстаун ја одржа традиционалната Македонска есенска игранка, која и оваа година собра голем број членови, пријатели и љубители на македонската култура и традиција.

Настанот беше исполнет со пријатна атмосфера, дружење и богата музичка програма, а присутните уживаа во македонските народни песни и ора кои ја одбележаа вечерта.

Членовите и гостите на МКУД „Вардар“ ги поздрави Оливер Димоски, советник во општината Georges River, кој во своето обраќање упати пофални зборови до раководството и комитетот на друштвото за нивната долгогодишна посветеност во зачувувањето и промоцијата на македонската култура и традиции во Австралија.

„Голема благодарност до комитетот за организацијата на оваа фантастична вечер. Честитки за вашата посветеност во негувањето и афирмацијата на македонската култура и традиции преку нашите народни ора и песни во Австралија. Вашата работа претставува значајно наследство за идните генерации Македонци“, изјави  Оливер Димоски.

Специјален музички белег на вечерта ѝ даде гостинката од Мелбурн. Познатата македонска пејачка Татјана Лазаревска, придружувана од „Ритам бенд“, приреди незаборавна забава, исполнувајќи го подиумот за игра во текот на целата вечер.   

Останати вести