Ждрепка ЛЕ: Црвена Звезда против Ренџерс, Барселона оди во Истанбул

Европската фудбалска федерација (УЕФА) во своите простории во Нион ја одржа ждрепката за осминафиналната фаза на Лигата на Европа. Откако беа комплетирани плеј-оф двомеч дуелите, осумте победници се приклучија на првопласираните од групната фаза во извлекувањето.

Поради специфичноста на форматот, во групата на неносители се најдоа гиганти како Барселона, Севиља, Порто, РБ Лајпциг, Аталанта, а на спротивната страна меѓу носителите Црвена Звезда и Спартак Москва се можеби најпожелни ривали. Неносителите првите дуели ќе ги играат дома, а потоа ќе гостуваат кај противниците.

Во извлекувањето релативно лесно мина Црвена Звезда која го доби Глазгов Ренџерс. Среќата посака интересни пресметки меѓу Аталанта и Леверкузен, Севиља против Вест Хем, додека Барселона ќе оди на мегдан со Галатасарај.

ОСМИНАФИНАЛНИ ПАРОВИ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА:

  • Глазгов Ренџерс – Црвена Звезда
  • Брага – Монако
  • Порто – Лион
  • Аталанта – Баер Леверкузен
  • Севиља – Вест Хем
  • Барселона – Галатасарај
  • РБ Лајпциг – Спартак Москва
  • Бетис – Ајнтрахт Франкфурт

Воведните натпревари во осминафиналето се закажани за десетти март, додека реванш дуелите стандардно се на програмата седум дена подоцна.

Македонија остана без претставници откако во плеј-оф рундата елиминации доживеаја Ељиф Елмас со Наполи, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб и Шериф Тираспол на Бобан Николов.

Останати вести