Во петок, на 20 октомври официјално започнува годинашнава сезона на А–лигата. Првиот натпревар е Аделаид Јунајтед – Централ Кост Маринерс, а средбата се игра на Хиндмарш стадионот во Аделаид. Во сабота следат средбите помеѓу: Макартур – Бризбен Роар, Мелбурн Сити – Вестерн Јунајтед и Сиднеј – Мелбурн Виктори. Недела се играат: Вестерн Сиднеј Вондерерс – Велингтон Феникс и Перт Глори – Њукастел Џетс.
Секој викенд натпревари од А-лигатa ќе се емитуваат во живо на ТВ Канал 10.