Заштита на човековите права

Сите одлуки и наредби кои во иднина ќе бидат носени според Законот за јавно здравје ќе мораат да бидат во склад со Повелбата за човекови права и одговорноси на Викторија. Со ова, како што е предвидено во предлог-законот, би се зајакнала заштитата на човековите права. Директорот на Правниот центар за човекови права, Даниел Веб, лобираше владата на Викторија во нацрт-законот јасно да стави до знаење дека министерот за здравство треба да постапува во склад со државната повелба за човекови права пред да се воведат било какви ограничувања.

Треба  јасно да се назначи како пандемиските наредбите можат да се разликуваат за различни групи луѓе, врз основа на нивните карактеристики, атрибути или околности.

Со други зборови, ако постојат прописи кои ќе се однесуваат за некои, а не за други, одлуката мора да биде транспарентна и релевантна за ризиците по јавното здравје.

Правото на протест, исто така ќе биде заштитено и регулирано со овој закон. Организациите за човекови права и правните групи изразија загриженост дека законот би можел да дискриминира врз основа на специфични класификации на луѓе, како што е нивната работа, местото на живеење, возраста или статусот на вакцинација.

Останати вести