На 6 јуни, во спортскиот центар „Рокдаел Илинден“, МКУД „Македонка“ ја одржа својата прва игранка за оваа година, во заедништво со МКУД „Илинден“ од Западен Сиднеј.
Нашите прекрасни македонски играорци блескаа со гордост, грациозност и традиција.Настанот беше навистина незаборавна вечер исполнета со радост, музика и традиција. Секогаш е посебно задоволство да се слави заедно со младите амбасадори на нашата македонска култура во Австралија, кои со својата енергија и љубов кон фолклорот ја продолжуваат нашата традиција.

Сите сме среќни кога го гледаме силното пријателство и соработка што постои меѓу нашите играорни групи ширум Австралија. Ова заедништво е доказ дека македонската култура живее и се негува со голема посветеност, без разлика на далечината од татковината.
Честитки до МКУД „Македонка“ по повод 45-годишниот јубилеј — прекрасни години исполнети со работа, настапи и зачувување на македонскиот идентитет. Нека продолжите да се развивате и да славите уште многу значајни годишнини.


26 Jun 2026