Илавара премиер лига, 13 коло, Волонгонг Јунајтед – Булај 2:1

Победа сосема заслужена на средба во која Јунајтед од почеток до крај доминираше на Македонија Парк. Стрелци на головите беа: Маковски 19` и Јовановски во 30 минута. Единствениот гол за гостите беше постигнат во 89 минута од Мекдоналд за конечните 2:1.
Со овие три бода Волонгонг Јунајтед изби на второ место со еден натпревар помалку од Олимпик.
Следното коло в сабота, на 11 јуни, Волонгонг Јунајтед гостува кај Кригнила Лајонс во братскиот дерби натпревар со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Албион Парк Вајт Иглс 34
Волонгонг Јунајтед 25
Волонгонг Олимпик 24
Крингила Лајонс 23
Порт Кембла 21
Булај 19
Конистон 19
Коримал Ренџерс 17
Хеленсбург Тистл 15
Саут Кост Јунајтед 10
Таравана Блуз 10
Беламби Розелас 1

Останати вести