Средбата ја реши супер замената Рео Хирос кој влезе во игра десет минути пред крај на натпреварот. Гостите од 48 минута останаа со играч помалку кога Марк Евери доби втор жолт и автоматско исклучување. Кога изгледаше дека ќе заврши средбата без голови во 95 минута Хирос ја затресе мрежата на Олимпик за тесна победа на Крингила Лајонс од 1:0.
Во недела, на 11 јуни, се игра македонски дерби натпревар и Крингила Лајонс ја пречекува екипата на Волонгонг Јунајтед со почеток во 15 часот.