Илавара премиер лига, 19 коло, Волонгонг Јунајтед – Беламби 5:0

Волонгонг Јунајтед се искачи на третата позиција на табелата со победата од 5:0 над Беламби Розелас на Иан Мекленан Парк во неделата попладне.

Стрелци на головите беа: Мицуо Јамада 6’ 35’ (пенал), Климе Секуткоски 71’ 90+2’ и Киа Јовановски во 89 минута.

Двете екипи на оваа средба останаа со 10 играчи кога беше исклучен Мејсон Верси за Волонгонг Јунајтед, додека Стивен Христовски доби два жолти картони за Беламби.

Минатиов викенд сите натпревари освен нашиот претставник и Саут Кост Јунајтед и Булај што заврши 0:1, беа откажани поради дождовите.

Во сабота, на 16 јули, Волонгонг Јунајтед ја пречекува екипата на Крингила Лајонс со почеток во 14:30 часот.

Во среда, на 27 јули, за купот на Австралија  Волонгонг Јунајтед ќе биде домаќин на Грин Гали во елиминациониот натпревар што се игра во 19:30 часот. Директен пренос од натпреварот ќе врши Канал 10.

Останати вести