Слаб почеток на сезоната за Волонгонг Јунајтед кој после две кола има освоено само еден бод. Минатава сабота Волонгонг загуби од Булај со минимална разлика. Стрелец на единствениот гол беше Бен МекДоналд во 54 минута.
Поразот значи дека Волонгонг Јунајтед ќе ја продолжи својата потрага по прва победа во натпреварувањето следната недела на првиот домашен натпревар.
Во сабота, на 18 март, Волонгонг Јунајтед ја пречекува екипата на Таравана Блуз со почеток во 14:30 часот.