Натпреварот на колото во кој се решаваше кој ќе биде прв на табелата заврши со победа на домаќинот. Албион Парк прв дојде до гол во 23 минута преку Камерон Морган за 1:0. Лавовите возвратија преку пенал кој успешно го изведе Петар Симоновски во 39 минута за 1:1. Со овој резултат се замина на одмор на крај од првиот дел.
Во второто полувреме кобна беше 67 минута кога беше досуден пенал за домаќинот и сигурен егзекутор беше Морган за конечните 2:1.
Сепак, Албион Парк треба да е среќен бидејки за малку ќе се случеше израмнување во 90-тата минута, кога ударот на Андре Диас од десниот агол на шеснаесетникот беше исфрлен во корнер од Дурозе. Тој со последни маки успеа да ја исфрли топката со рака преку голот и да ја спаси мрежата.
Во сабота, на 15 април, Крингила Лајонс ја пречекува екипата на Волонгонг Јунајтед со почеток во 16 часот.
ТАБЕЛА
Албион Парк Вајт Иглс 15
Крингила Лајонс 13
Конистон 12
Волонгонг Јунајтед 10
Булај 9
Порт Кембла 9
Хеленсбург Тистл 8
Волонгонг Олимпик 8
Таравана Блуз 6
Коримал Ранџерс 4
Саут Кост Јунајтед 1
Беламби Розелас 1