Илавара премиер лига, 7 колоКрингила Лајонс – Волонгонг Јунајтед 1:0

Македонското дерби во Илавара заврши со тесна победа на “лавовите“. Разликата помеѓу двете екипи беше пеналот во 53 минута од кој прецизно шутираше капитенот Питер Симоновски за 1:0.
Со оваа победа Крингила Лајонс сега е на второ место на табелата со 26 бода, а веднаш зад нив е Волонгонг Јунајтед со 25 бода. На прво место е Албион Парк Вајт Иглс со 34 бодови.
Во сабота, на 17 јуни, Волонгонг Јунајтед гостува кај Таравана Блуз со почеток во 14:30 часот. Следниот ден в недела, на 18 јуни, Крингила Лајонс ја пречекува екипата на Саут Кост Јунајтед со почеток во 14:30 часот.

Останати вести