Натпреварот Хелинсбург Тистл и Крингила Лајонс заврши нерешено 1:1. Домаќинот прв дојде до водство преку Катон во 9 минута, а Крингила израмни преку Крстески во 23 минута.
Другиот наш претставник во оваа лига, Волонгонг Јунајтед го совлада Конистон со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Маковски во 56 минута.
Во сабота, на 29 април, ќе се игра пропуштен натпревр од 4 коло и Волонгонг Јунајтед ја пречекува екипата на Коримал Ренџерс со почеток во 14:30 часот.
Следното регуларно коло се игра в сабота, на 6 мај, Крингила Лајонс гостува кај Коримал Ранџерс во 14:30 часот. Волонгонг Јунајтед гостува кај Саут Кост Јунајтед во 19 часот.