Неверојатен пресврт направи екипата на Крингила Лајонс минатава недела, кога водството на Албион Парк од 2:0 го анулира и оствари победа. Албион Парк Вајт Иглс брзо оствари водство со головите на Камерон Морган во 4 и 7 минута. По овој лош почеток Стефан Димовски во 34 минута намали на 2 1.
Во второто полувреме клучен беше Петер Симоноски кој во 63 минута изедначи, а истиот играч беше и стрелец на победничкиот гол од пенал во 76 минута за конечните 2:3.
Претходниот ден, во саботата, Конистон славеше со тесна победа на Волонгонг Олимпик со 2:1.
Во финалето Крингила Лајонс ќе се сретнат со Конистон. Ова е голем успех за клубот со пласман за големото финале и ќе се игра за шампионската титула. За овој момент Крингила Лајонс чекаше долги 25 години. Браво „лавови“!