Како ковид-19 го промени начинот на тажење по починати

Д-р Глен Хоскинг, психолог од универзитетот Викторија, вели дека заради локалните и меѓународните ограничувања на границите многу луѓе не се во можност да бидат присутни со најблиските кои се соочуваат крајот на животот или да присуствуваат на погребот, што може да даде утеха и да ја ублажи болката за загубата.

Никој од нас не е имун од болката што доаѓа со починување на некој близок, но активирањто на рестрикциите поради глобалната пандемија од КОВИД-19 (што продолжува да создава хаос во нашите животи) имаше големо влијание врз начинот на кој доживуваме загуба и тагуваме.

„Заедно со отежнувањето на искуството за губење на некој близок, неможноста да се биде со семејството и пријателите или да присуствувате на погреб покренува значајни прашања за тоа како луѓето можат да се справат и да се прилагодат на нивната загуба, што исто така има импликации и врз нивното ментално здравје“, рече д-р Хоскинг.

Ритуалите поврзани со смртта и умирањето се длабоко важни и даваат можност на семејството и пријателите да се соберат за да дадат поддршка и да го одбележат животот на починатиот.

Од почетокот на 2020 година безброј луѓе не можеа да учествуваат на овие ритуали.

„Кога некој ќе доживее смрт на некој близок во странство и не може да го испрати или да присуствува на погребот, постои можност тоа да влијае на нивната способност да тагуваат или да ја процесираат својата загуба.

Кога тоа ќе се случи, симптомите може да вклучуваат чести и постојани мисли за лицето кое починало, преокупација со тага, прекумерна горчина, исклучување од претходните социјални односи, тешкотии во прифаќањето на смртта и размислувања за безнадежност и беспомошност. Овие симптоми може да траат и да имаат значително влијание врз индивидуата и врз нивното секојдневно функционирање“.

Доктор Хоскинг вели дека постојат неколку начини да им се помогне на луѓето кои се борат со фактот дека не биле во можност да бидат со своите најмили во последните часови или не биле во можност да присуствуваат на погребот. „Одвојте време да ја запомните изгубената личност, да се поврзете со други кои ја познаваа таа личност, да ја изразите својата фрустрација за неможноста да присуствувате и иако сите сме уморни од состаноци преку Интернет, присуството на виртуелен погреб, иако е далеку од идеално, подобро е од ништо“.

Останати вести