Како помина НБА драфтот и кои се играчи од Балканот?

Американскиот кошаркар со италијанско потекло, Паоло Банкеро, беше избран за прв пик на овогодинешниот НБА драфт одржан во Бруклин.

Очекувано за некого, за некого не, Орландо Меџик решија од позицијата 1 да го избере 19-годишниот крилен центар Паоло Банкеро кој досега играше во дресот на легендарниот колеџ Дјук кај култниот Мајк Кжижевски за кого рече дека му бил кошаркарски татко.

Крилниот центар Банкеро, кој е висок 208 сантиметри, минатата сезона имал 17,2 поени во просек и 7,8 скока со 3,2 асистенции.

Банкеро беше хит на драфтот. Тој е роден во САД а интересно на само неколку часа пред стартот на драфтот изјавил дека од следното лето би сакал да заигра за репрезентацијата на Италија од каде потекнува татко му.

Kој беше втор, трет, четврт пик?

Оклахома го искористи правото на втор избор па од втора позиција го одбра досегашниот член на Гонзага, Чет Холгрем. Трет пик на драфтот беше Џабари Смит од Оберн кој оди во Хјустон Рокетс, Киган Мари од Ајова беше четврт и го одбра Сакраменто Кингс а Топ5 изборот на драфтот го заокружи Џајден Ајви кој доаѓа од Пердју Колеџот и ќе оди во Пистонс.

Број 6 е Бенедикт Матурин кој се сели во Индијана Пејсерс, седми пик Шедон Шарп кој потпиша договор со Портланд Трејлблејзерс а следуваат 8. Дајсон Даниелс во Њу Ореланс (доаѓа од Г-развојната лига од ЛА Лакерс), 9. Џереми Сочан во Сан Антонио Спарс од Бејлор Универзитетот и Џони Дејвис во Вашингтон Визардс од Висконсин.

Балканот пак ќе има свои претставници

Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ од 27. позиција оди во Мајами Хит каде би требало да има минутажа. Интересно, втор претставник од белградскиот тим Мега кој оди во НБА е и Хрватот Карло Матковиќ кој како 52. пик се сели во Њу Орлеанс (тој пик го добија од Јута Џез). Матковиќ има 21 година, 208 см и беше досегашен играч на српскиот тим Мега кој може да се пофали како единствен на драфтот со двајца претставници.

Европа од 58 пикови наместо досегашните 60 (Чикаго и Мајами прекршиле правила па се казнети при избррот) ќе има 10 кошаркари меѓу кои се смета и првиот пик на драфтот Банкеро кој има италијански корени и ќе игра за Италија. Исто и деветтопласираниот Сочано кој е роден во САД. Најмногу претставници од Европа имаат Французите – дури четворица.

Останати вести