Фудбалскиот клуб Шкендија беше меѓу ретките од балканските простори коj успеа да обезбеди место во третото коло на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Покрај тетовчани, со успех може да се пофалат уште Чукарички и Зрињски, додека дури единаесет екипи беа елиминирани, меѓу кои и Македонија Ѓорче Петров.
Тимови од Малта, Фарските Острови, Лихтенштајн, Исланд, Молдавија ги исфрлаа претставниците кои доаѓаат од земји кои беа дел од поранешна Југославија. Елиминации покрај „лавовите“ доживеаја Ријека, Сутјеска, Олимпија Љубљана, Раднички, Мура, Вележ, Копер, Будуќност, Осијек и Тузла Сити. Ако можеби не беа изненадување поразите од екипи кои доаѓаат од Холандија, Шведска, Романија и Бугарија, голем дел од балканските тимови во најмала рака се посрамотија.
Резултатите на „екс-ју“ клубовите:
Токму во овие квалификации за третото по ранг европско натпреварување се виде дека квалитетот на балканскиот фудбал е на ниско ниво и дополнително паѓа.
Сепак, Македонија во квалификациите за евро-куповите остана со два претставника, Шкендија и Шкупи, а елиминирана е Македонија Ѓорче Петров.