Катастрофални поплави во Австралија: Ангажирана е и војската, Сиднеј во опасност

Бројот на загинати во поплавите во источна Австралија се искачи на десет, а воени хеликоптери продолжуваат да спасуваат луѓе од покривите на куќите во поплавените  места.

Последната жртва на невидените поплави е жена на возраст од околу 80 години, која е пронајдена мртва на поплавен имот, соопшти локалната полиција.

Водата од поплави предизвикана од обилните дождови кои почнаа да паѓаат кон крајот на минатата недела поплави огромно пространство во Квинсленд и Нов Јужен Велс. По повеќегодишна суша и пожари предизвикани од промена на климата, во источниот дел од Австралија временскиот феномен Ла Ниња донесе невообичаено влажно лето. Во некои места во изминатите неколку дена наврнатата количина на дожд колку што обично се случува во текот на цела една година.

Во овој момент обилните дождови се движат кон Сиднеј, кој е во опасност од ненадејни поплави.

„Овој прилично силен временски систем наскоро ќе дојде до централниот брег на Сиднеј, а ние веќе ги чувствуваме елементите на тоа“, рече прајминистерот Скот Морисон.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Пероте, го опиша екстремното време како нешто што се случува еднаш во илјада години, наведувајќи дека екипите на брзата помош извршиле повеќе од 1.000 спасувачки операции откако досега добиле 6.000 повици за помош.

Лисмор во северниот дел на Нов Јужен Велс ги доживеа најкатастрофалните поплави во својата историја. Во рок од 24 часа во областа наврна преку 400 милиметри дожд. Откако браната кај градот попушти, побарано е 43.000 жители да ги напуштат своите домови.

Стотици луѓе останаа заглавени во своите домови, а некои од нив ја поминаа ноќта на покривите.

Градоначалникот Стив Криг рече дека девет лица се уште се водат како исчезнати, а 400 спасувања допрва треба да се спроведат.

Останати вести