Кај има вакви теледиригирани дупеглавци?Кривична за средношколски директор зашто испратил екипа на СП по роботика во Мароко, а овие кои исплатијаА$300 милиона на „Бехтел“ за непочната работа и натаму „со рацете во медот“

Деновиве е поднесена кривична пријава против С.З., сега поранешен директор на Средното училиште “Тошо Викентиев“ – Кочани. Се товари за злоупотреба на службена положба и овластување и стекнување противправна корист. Имено, во април 2023 година, спротивно на Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари (A$7,900).

Исто така, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од страна на училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари (A$19,600), односно 107.714 денари (A$2,850) повеќе од прибраните по пат на донации.

Владата на Македонија, пак, лани исплати над 200 милиони евра (А$330 милиони) на „Бехтел и Енка“. Прокуратор на проектот е Артан Груби. Лани четири пати организираа лажни отпочнувања на работите на Коридорите 8 и 10д а досега ништо не е направено. Демек тие се за „бравос“ и уште пак излегуваат на избори!?

Останати вести