Квалификации за Светското првенство 2026: Селекторот Поповиќима тежок избор

Како што се приближува денот за новото Светско првенство ова ќе биде одлучувачки месец за “сокерусите” да изборат место во квалификациите. Во нашата група Јапонија е веќе сигурен патник, но за второто место буквално секоја репрезентација е во игра.

За Австралија да има реални надежи за директна квалификација помеѓу 48-те екипи следната година за Мундијалот во САД, Канада и Мексико, “сокерусите” треба да ги земат сите шест бода овој месец. Прво во четврток, на 20 март, Австралија ја пречекува репрезентацијата на Индонезија во Сиднеј. Почеток на натпреварот е во 20 часот, а директен пренос ќе има на Канал 10. Следниот натпревар е со гостувањето во Кина пет дена подоцна.

Тренерот Тони Поповиќ во петок го именуваше својот состав за овие натпревари, а треба да донесе неколку големи одлуки бидејќи клучни играчи се повредени.  

 ТАБЕЛА ГРУПА Ц

Јапонија                     16
Австралија                 7
Индонезија    6
Саудиска Арабија      6
Бахрен                        6
Кина               6

Останати вести