Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалифкакциите за Светското првенство 2023 година во Индонезија, Јапонија и Филипини.
Ждрепката одлучи Македонија да се падне во групата Г заедно со селекциите на Грузија, Шпанија и Шведска.
Пласман во втората квалификациска фаза обезбедуваат трите најдобри селекции во групата, што значи дека треба да бидеме подобри од Грузија или Шведска со оглед на тоа дека Шпанија е апсолутен фаворит.
Од сегашните осум групи во втората фаза ќе се формираат четири групи од по шест репрезентации. Бодовите ќе се пренесуваат, па секој натпревар ќе биде важен.
Првата „етапа“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 ќе се игра во три „прозорци“.
И тоа од 21 до 30 ноември 2021, од 21 февруари до 1 март 2022 и од 27 јуни до 5 јули 2022 година.