„Квантас“ цел на хакерски напад: Загрозени личните податоци на шест милиони клиенти

Австралискиот авиопревозник „Квантас“  обелодени дека бил цел на сајбер напад при што неовластени лица дошле до приватни информации на приближно шест милиони корисници, истакнувајќи дека системот сега е под контрола.

Според информациите, инцидентот се случил кога сајбер криминалец се обидел да изврши упад во контакт центар и добил пристап до платформа за кориснички услуги од трета страна.

Во официјалното соопштение на „Квантас“ се наведува: „Нема влијание врз бизнисот или безбедноста на авиокомпанијата“.

Компанијата информираше дека околу шест милиони корисници имаат зачувани податоци за услугите на платформата од трета страна, каде што „Квантас“ забележал „невообичаена активност“ во понеделникот.

„Продолжуваме да го истражуваме обемот на податоците што беа украдени, но очекуваме количината да биде значителна.“

„Првичната анализа потврди дека податоците вклучуваат имиња на клиенти, е-адреси, телефонски броеви, датуми на раѓање и броеви на членство во програмата за лојалност“, соопшти „Квантас“.

Компанијата потенцираше дека „податоците за кредитната картичка, личните финансиски информации и податоците за пасошот не се чуваат во овој систем“.

„Ниедна сметка на Frequent Flyer не е компромитирана и криминалците не пристапиле до лозинки, ПИН-кодови или детали за најавување“, се вели во соопштението, заедно со извинување до корисниците.

Извршната директорка на „Квантас“, Ванеса Хадсон, изјави дека компанијата „тесно соработува со австралиски експерти за кибер безбедност од владини агенции“.

Дури и без директни финансиски податоци, видот на лични информации украдени при вакви прекршувања е многу вреден на нелегалниот интернет пазар.Украдените податоци можат да се користат за софистицирани напади со фишинг и социјален инженеринг. Криминалците можат да ја користат комбинацијата од име, телефонски број и број на чест патник за да изработат многу убедливи измамидиректно насочени кон овие клиенти, со цел да извлечат повредни ингеренции или финансиски детали подоцна.

Останати вести