Ковачевски: СДСМ е подготвен за секаков резултат, ако загубиме јас ќе бидам пратеник

Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвен за секаков резултат и во ниту еден момент нема да се откаже од борбата, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Знам дека голем број граѓани сè уште немаат одлучено кому да го дадат својот глас. Затоа ги повикувам убаво да размислат кој заслужува да ја води државата. Убаво да размислат дали сакаат да гласаат ЗА или сакаат да гласаат ПРОТИВ. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца! Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам да гласате ЗА европска иднина! Да гласате ЗА Стево Пендаровски за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина, рече Ковачевски.

Димитар Ковачевски е носител на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 1 и сигурно е дека ќе стане пратеник.

На прашањето дали на конгресот за отчет ќе се бори да остане на лидерската позиција ако СДСМ изгуби на изборите, тој вели дека после 8 мај ќе го соопшти и ставот за своето идно политичко делување.

– Важам за голем демократ и легалист. Но секако планирам да биде пратеник зашто секој што е избран треба во Собранието да ги презентира ставовите и определбите коишто пред изборите ги презентирал пред гласачите.

Останати вести