Кога си МВП во НБА признанието и до штала во Сомбор го носат

Најдобриот кошаркар во НБА, Никола Јокиќ ја прими МВП наградата за оваа сезона, а признанието му беше доделено пред неговата штала со коњи во Сомбор, Србија.

Ова беше напрвено како изненадување.

Лично и персонално, сопственикот на Денвер, Џош Кронки, тренерот Мајк Мелоун, генералниот менаџер Тим Конели, фитнес тренерот Фелипе Ајхенбергер, директорот за развој на играчи Огњен Стојаковиќ, неговиот менаџер Миодраг Ражнатовиќ, допатуваа од Америка и со тамбураши го чекаа пред неговата штала со коњи во Сомбор да му ја предадат МВП наградата.

Американците од Денвер добро знаат колку е вредна наградата, па ваквиот гест – да се организираат во тајност и да го изненадат играчот во родниот крај – во 75 годишното постоење на НБА лигата не се памети.

Никола Јокиќ втора сезона по ред е прогласен за најкорисен кошаркар во НБА.

На многумумина не им е јасно дали Јокиќ има поголема страст за кошарката или за коњите, на што одговара неговиот менаџер.

– Нема голема дилема, коњите се неговата најголема страст – смета неговиот менаџер Миодраг Ражнатовиќ. – Ја сака кошарката, но коњите му се на пиедестал. Барем јас така чувствувам. Се дружеше со нив со години пред да развие љубов кон кошарката.

Останати вести