Кој е крал за државни тендери: 100 милиони евра за 13 години!?

Најголемите десет тендери за 2021 година, распишани од државни органи, претпријатија или единици на локалната самоуправа заедно вредат А$173 милиони, покажуваат официјалните податоци за јавните набавки.

Меѓу најголемите тендери (очекувано според обемот на работите) четири се за ископ на јаглен во најголемата термоелектрична централа во земјата – РЕК Битола, два се за набавка на медикаменти за јавното здравје, два се на Град Скопје и еден на државното претпријатие кое стопанисува со државните патишта.

Токму последниот е и највредниот тендер во првите осум месеци годинава – се однесува на патна инфраструктура во Скопје, поконкретно за изградба на крстосници за патен сообраќај.

Овој тендер е вреден А$29.6 милиони со вклучен ДДВ, а епитетот цар за тендери за овој период го носи струмичката градежна компанија „Жикол“, сопственост на Живко Колев.

Според евиденцијата од 2008 година до сега Жикол во повеќе наврати добил договори од државата или од локални самоуправи во вкупна вредност од безмалку 100 милиони евра.

Битолската градежна компанија “Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола, во рудникот Брод – Гнеотино, во вредност од А$20.5 милиони.

Набавката на инсулин за македонските дијабетичари е трета по вредност набавка за првите осум месеци годинава и изнесува А$20.1 милион. Овој тендер го доби фирмата “Феникс фарма“.

Во најголемите пет тендери од почеток на година до сега уште две битолски компании. И двете добија работа од РЕК Битола за идентични суми и за услуга – ископ на инвестициска откривка во два рудници за јаглен за потребите на термоцентралата. Вредноста на договорите е по А$18.4 милиони, а работата ја добија “Марковски компани“ и “РУД-КОП“.

Останати вести