Лазаров: ЕП е нерегуларно, ме чуди како само една селекција нема мака со ковид-19!

Селекторот на ракометната репрезентација, Кирил Лазаров, во интервју за хрватски „Индекс“ потенцира дека актуелното Европско првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка, на кое Македонија испадна уште по првиот круг, може да се оцени како нерегуларно поради проблемите на речиси сите селекции со коронавирусот.

Причина за ваквата негова оценка е необичниот дуел помеѓу Исланд и Хрватска (22:23), во кој двете селекции влегоа ослабени и исцрпени од големиот број отсуства поради многуте заразени со ковид-19.

– На таа средба победи селекцијата што беше помалку уморна. На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност. Не е можно да се процени нечија сила со оглед што пред или покасно сите влегоа во проблеми со коронавирусот, изјави Лазаров.

Македонскиот ветеран, кој поради повреда во Дебрецин не играше туку беше само селектор, е изненаден што само една репрезентација досега нема никакви проблеми со короната.

– Навистина ми е чудно е што само селекцијата на Данска нема вакви проблеми. Тие се можни и сите пречки ги минуваат лесно. Сите други имаа проблеми во одреден момент и поради тоа сметам дека ова ЕП е нерегуларно, дополни Лазаров.

Останати вести