„Клучен играч“ во австралиската мрежа за организиран криминал е застрелан во Сиднеј, соопшти полицијата. 48-годишникот, кој бил застрелан на паркинг, починал на местото на настанот.
„Пукањето ги носи обележјата на убиство од организиран криминал. Така и се третира“, рече детективот Дени Доерти.
Тој додаде дека човекот имал врски со една моторџиска група што е забранета во земјата.
Човекот не е идентификуван од властите, но австралиските медиуми објавија дека жртвата е осудениот криминалец Ален Морадијан – личност вмешана со илегалната трговија со кокаин.
„Тој е главен играч во криминалната мрежа и има врски на високо ниво со „Команчерос“. Очигледно долго време го барале“, рече Доерти на прес-конференција.
Полицијата соопшти дека изгорено “порше“ било откриено неколку минути подоцна од жителите на улицата “Џејмс“, која е на околу еден километар од местото на злосторството.
Трговскиот центар во Bondi Junction, каде се случило убиството, се наоѓа на приближно 2 километри од популарната плажа Бондај.