Локалните избори сумирано: ВМРО-ДПМНЕ има 55 градоначалници,СДСМ 6, „Вреди“ 9 а ДУИ 4

Во вториот круг од локалните избори што се одржаа вчера, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 21 градоначалник, коалицијата ВЛЕН доби четири нови градоначалнички места, коалицијата предводена од СДСМ освои три градоначалници и Унијата на Роми, Движењето ЗНАМ и НАИ освоија едно градоначалничко место. Градоначалнички мандат во Струга доби и независниот кандидат Менди Ќура.

Сумирано, со канидидатите од ВМРО-ДПМНЕ кои победата ја запечатија уште во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 54 општини, плус Градот Скопје, каде Орце Ѓорѓиевски ја однесе победата над кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ. „Вреди“ ќе има вкупно девет градоначалници, социјалдемократите ќе раководат со вкупно шест општини, коалицијата предводена од ДУИ – „Национална алијанса за интеграција“ ќе има вкупно четворица градоначалници.

Со Струга ќе раководи независниот кандидат Менди Ќура, со Куманово – Максим Димитриевски од ЗНАМ и со Шуто Оризари – Курто Дудуш од Унијата на Роми, кои за победите се изборија во вториот круг, откако во првиот круг не успеаја да го поминат прагот од 50 отсто плус еден од излезените избирачи.

Останати вести