Никола Митревски и неговиот Порто имаа среќа при ждрепката за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Португалскиот шампион се најде во групата А, а за противник ќе ги има ПСЖ, Веспрем, Динамо Букурешт…
Актуелниот шампион Барселона се најде во групата Б.
Македонија по десет години нема да има свој претставник во елитата, откако Вардар поради долгови е исклучен.
Лига на шампиони, мажи, 2022/23:
Група А: Магдебург, ПСЖ, Порто, ГОГ Гудме, Веспрем, Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Загреб
Група Б: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Келце, Кил, Нант, Алборг, Елверум
Првото коло од новата сезона ќе се игра на 14/15 септември, додека завршниот турнир во Келн ќе биде 17/18 јуни 2023 година.