Од почетокот на коронакризата во земјатаедно лице по третпат се заразило од ковид-19, а вкупно се регистрирани 522 реинфекции заклучно со 19 септември, стои во неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Македонија. Од пријавените случаи на реинфекција 5 починале.
Се работи за 52-годишна жена од Тетово која првпат била позитивна лани во јули, потоа на почетокот на декември и третпат во изминатите летни месеци. Ниту еднаш не била во болница, сите три заразувања ги поминала со домашно лекување, а по третото излекување се вакцинирала со две дози од кинеската “Синовак“. Жената имала коморбидитети, хипертензија и хронично заболување на бубрезите.
Анализата на ИЈЗ наведува дека пријавени се 187.068 случаи на ковид-19. Од нив, оздравеле 167.810, починале 6.472, а активни се 12.786 болни.