Македонската е-спорт репрезентација стана европски првак во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“, откако славеше по пресврт со 2:1 во финалето против Украина, па така ги обедини титулите откако на 18 ноември минатата година ја освои светската круна.
Европското првенство во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“ имаше вкупен награден фонд од 25.000 американски долари со тоа што освојувачот, односно Македонија доби 10.000 долари.
Македонските херои кои ја израдуваа јавноста се Павле Стојановски, Даниел Глигоров, Александар Кјулукоски, Дамјан Стоилковски, Јане Апостоловски.
Македонија минатата година ја освои светската титула, откако славеше со 2:0 во финалето против Романија.