Македонија помеѓу најсиромашните пет држави во Европа

Во листата од десетте најсиромашни земји во Европа седум се наоѓаат на Балканот. Помеѓу петте најсиромашни држави две се членки во НАТО. Македонија е петтата најсиромашна земја на континентот, додека пак Бугарија е најсиромашна земја членка на ЕУ, покажува истражувањето на COMECON (Совет за взаемна економска помош).

Ова е листата:

  • Молдавија
  • Украина
  • Косово
  • Албанија
  • Македонија
  • Босна и Херцеговина
  • Белорусија
  • Црна Гора
  • Србија
  • Бугарија

Истражувањето за оваа година на Комекон покажа дека само четири земји на „стариот континент“ се посиромашни од Македонија. Молдавија е најсиромашната држава во Европа, ја следи Украина која е во воен конфликт, на третото место е Косово кое има статус на делумно признаена држава. Четврта по најголема сиромаштија е земја членка на НАТО, Албанија, по што следи Македонија.

БДП по лице во Молдавија, според податоците на Комекон, е само A$4,750. БДП по лице во Украина е A$4,932, што ја прави втората најсиромашна земја во Европа. Украина, која порано беше дел од СССР, имаше втора по големина економија, но по распадот СССР падна во рецесија и корупција.

Косово, кое официјално себеси се нарекува Република Косово, е држава која е само делумно признаена и има БДП по лице од A$7,230. Косово е третата најсиромашна земја во Европа, една третина од нејзиното население живее под прагот на сиромаштија. Tоа значи дека 550.000 луѓе живеат во сиромаштија затоа што заработуваат помалку од A$750 месечно. Од 2020 година, Косово имаше многу висока стапка на невработеност од над 30%. Се очекува ова да се намали во текот на следните неколку години, бидејќи Косово сега е земја во развој која бележи каков таков економски раст во последниве години.

БДП по лице во Албанија, е A$7,740. Албанија ја започна транзицијата од социјалистичка економија во економија на слободен пазар во деведесеттите, таа зафаќа површина од 28.748 км2 (11.100 квадратни милји), сега припаѓа на групата земји во развој каде што преработувачката и услужната индустрија се најважни, – констатира Комекон.

Македонија, која стана независна во 1991 година, е петта најсиромашна земја во цела Европа. БДП по лице од A$8,740. Над 90% од БДП на земјата доаѓа од трговијата. Во еден момент, Македонија имаше највисока стапка на невработеност, која изнесуваше 38,7% a сега е околу 13%, – се вели во истражувањето.

БДП во Босна и Херцеговина е А$9,412, во Белорусија А$9,510, во Црна Гора А$12,534 и во Србија А$12,598.

Најсиромашна земја членка на ЕУ е Бугарија која се наоѓа на десетто место на најсиромашни земји, со БДП по човек од A$16,345. Во изминатиов период неколкупати се случуваа избори во Бугарија, но во најсиромашната земја од Унијата главен проблем не беа економските прашања, туку националистичките политики кон трети земји.

Останати вести