Македонија три години во НАТО: На Украина и даваме оруже не да напаѓа други држави, туку да се брани

Во Македонија беше одбележана тригодишнината од полноправниот прием на земјата во НАТО. Министерот за надворешни работи Бујар Османи објасни зошто земјата ѝ дава воена помош на Украина и изјави дека Македонија не може да остане неутрална и не ѝ дава на Украина оружје за таа да нападне друга држава, туку за да се брани.

– Русија ги има прекршено насилно и неоправдано основните принципи на меѓународното право и на меѓународното хуманитарно право, принципите на европската безбедносна архитектира кои што го одржуваат мирот во Европа во последните 75 години и во нашата држава. Нашите граѓани уживаат мир, зашто по Втора светска војна е воспоставен меѓународен ред и поредок, рече Османи.

Тој повтори дека овој државен став не е кон рускиот народ, туку кон агресивното однесување на Руската федерација и на власта таму која го загрозува светскиот мир преку рушење на основните принципи на кои се темели мирот во светот и во Европа.

– Украинските војници и украинскиот народ се борат и за нашиот мир и за нашите вредности. Ние, со фактот дека сме дел од системот на вредности во кој доминира почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на независните држави, владеење на правото, демократијата, човековите права, покажуваме дека сме на вистинскат страна на историјата и ќе продолжиме додека е потребно, рече Османи.

Според него, билатералните односи со Русија се многу помалку важни од загрозувањето на мирот кој започна „со ова агресивно однесување на Русија кое ја отвора и Пандорината кутија за слично донесување на авторитарни режими“.

Опрема за одбрана на воздух и копно

Македонската воена помош за Украина се чини не прекинува. Македомнија е на четврто место во НАТО според донираните борбени системи и борбена опрема. Најновата етапа на македонската воена помош на Киев е во форма на 12 хеликоптери од советско производство од моделот „Ми-24“, а во неколку наврати претходно беа испратени 4 борбени авиони Сухои „Су-25“ и непознат број тенкови од моделот Т-72. Практично тоа се сите примероци од борбени авиони, јуришни хликоптери и тенкови што ги имаше АРМ.

Според универзитетскиот професор по безбедносни науки, поранешниот бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, постојат политички, економски и оперативни причини поради која е донесена одлуката за донацијата на сите тие оружја.

– Како НАТО членка ние имаме страна во тој конфликт и оваа одлука е во склад со заложбите на НАТО но и со најновата изјава на генералниот секретар Столтенберг дека Алијансата ќе продолжи да и помага на Украина се додека за тоа има потреба. Второ – економски, екстремно е тешко да го одржувате ресурсот кој е истрошен. Не заборавајте дека имавме несреќа за која покрај останатото, имаше индиции (не тврдам дека е така) поради несоодветно одржување или истрошени ресурси и која нé чинеше човечки животи и тоа баш на борбена задача. А хеликоптерите “Ми-24“, на пример, за две години им истекуваат ресурсите и повеќе нема да може да бидат во употреба. Ќе моравме тогаш да бараме начин да се ослободиме, па и да платиме за тоа – посочува Хаџи Јанев.

Останати вести