Македонија ќе игра на женското Европско првенство во ракомет на песок

Ракометната федерација на Македонија доби покана да биде дел од женското Европско првенство во ракомет на песок, а според објавите на ЕХФ, истата е прифатена.

Македонија беше дел од ждрепката и се најде во групата Б, па ќе се натпреварува со Холандија, Украина и домаќинот Португалија. Конкуренцијата е силна, нашиот нов национален тим треба да се формира и уигрува за турнирот.

Македонија во моментов нема репрезентација во ракомет на песок, па Ракометната федерација на Македонија (РФМ) треба да формира стручен штаб, а потоа и да одбере ракометарки кои ќе се подготвуваат за турнирот.

Европското првенство ќе се одржи во Назаре, Португалија, од 24 до 28 мај.

Останати вести