Македонка од Австралија ќе настапи на Светското првенство во бенч-прес

Македонката Ленче (Лин) Доневска од Сиднеј ќе ја претставува Австралија на претстојното Светско првенство во бенч-прес, кое ќе се одржи од 22 мај до 1 јуни во Тексас, САД. 

Доневска е родена во Битола, и е долгогодишна и успешна спортистка со бројни достигнувања на меѓународната сцена. Во својата кариера таа има настапувано на различни светски натпревари, меѓу кои и Светското првенство во бразилско џиу-џицу, како и на Светското првенство во кревање тегови. 

Особено значаен успех постигна во 2019 година, кога освои второ место на Светското првенство во бенч-прес за жени, со што се вброи меѓу најдобрите во својата категорија на глобално ниво. 

Покрај тоа, Доневска има учествувано и на олимписки квалификации во борење, што дополнително ја потврдува нејзината сестраност и врвна физичка подготвеност. 

Нејзиниот настап на претстојното светско првенство претставува уште една можност за афирмација не само на австралискиот спорт, туку и на македонската заедница во Австралија, која со децении дава значаен придонес во различни области, вклучително и спортот. 

Со својата упорност, дисциплина и досегашни резултати, Ленче Доневска претставува вистински пример за успешна спортистка и инспирација за младите генерации.

Слика 1: Ленче (Лин) Доневска ќе ја претставува Австралија на 5-то Светско првенство во кревање тегови

Останати вести