Од петокот, 22 септември, до неделата, 24 септември, се одржа Македонски куп во Викторија. Домаќин на настанот беше Алтона Маџик Вардар, нашиот највисоко рангиран клуб во Мелбурн. На купот учество зедоа: Престон Македонија, Сиднам Парк Македонија, Џилонг Македонија, Лајло Јунајтед Слога, Пленти Вали Лајонс, Кило Волци, и домаќинот Алтона Маџик Вардар.
Спортскиот комплекс на Алтона Маџик Вардар кој се наоѓа на Paisley Park домаќински ги пречека првите тимови, резервите и женските екипи. Посетителите покрај спортот можеа да ужуваат во традиционалното јадење, пиење и музика. Македонскиот куп ја собира заедницата од сите делови на Викторија и е секогаш убава прилика за дружба.
Македонските клубови во текот на викендот играа на трите фудбалски терени на Пејзли парк. Финалните средби се одржаа во неделата, и во нив беа постигнати следните резултати Алтона Маџик Вардар – Лајло Слога Јунајтед 0:1, финалето на резаервите беше Пленти Вали Лајонс – Сиднам Парк Македонија 4:0 и за женска конкуренција Престон Македонија – Сиднам Парк Македонија 4:1.












