Уште едно големо признание сезонава за македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, кој е прогласен за МВП во Лигата на шампионите.
Откако претходно ја доби наградата за најкорисен играч во германското првенство, Ти-Џеј Шортс сега доби уште поголемо признание.
Македонскиот репрезентативец е прогласен за МВП на сезоната во кошаркарската Лига на шампиони.
Ти-Џеј Шортс оваа сезона во Лигата на шампионите има просек од 18,9 поени, 3,8 скокови и 7,1 асистенција по натпревар.
Тој со 21 поен беше најзаслужен за победата на Телеком Баскетс Бон против Уникаха Малага со која германскиот тим се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.