За време на викендот на 7 и 8 октомври 2023 година во организација на Фудбалскиот клуб Пленти Вали Лајонс, ќе се одржи годишниот Македонски јуниорски куп на кој ќе учествуваат осум македонски фудбалски клубови: Фудбалски клуб Пленти Вали Лајонс како домаќин, Алтона Меџик Вардар, Престон Македонија, Џилонг Македонија, Сиднам Парк Македонија, Лалор Јунајтед Слога, Нобл Парк Македонија и Кило Волци.
Домаќините подготвуваат возбудлив викенд исполнет со забава каде што ќе има дружење со македонските фудбалски клубови што ќе учествуваат на овој годишен настан.
Се очекува за два дена, на стадинот на Robinvale Avenue во Томастаун дa бидат одиграни околу 100 фудбалски натпревари.
Поканети се сите љубители на фудбалот и сите Македонци.