Македонските парохијани во Бризбен со работна акција го уредија дворот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“

Минатава сабота, македонските парохијани во Бризбен спроведоа организирана работна акција во дворот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Акцијата, која помина во пријатна и хармонична атмосфера, беше успешно реализирана со заеднички ангажман на верниците.

Како дел од традиционалните подготовки за претстојните празници за Божик, управата на црквата организира генерално чистење на храмот и неговата околина. Активностите опфатија уредување на надворешниот простор, како и темелно чистење на внатрешноста на црквата.

Организаторите изразија благодарност до сите парохијани кои одвоија време и учествуваа во подготовките за големиот христијански празник.

Останати вести