Македонското етничко училиште „11 Октомври“ – Јагуна одбележува 50 години постоење

Македонското етничко училиште „11 Октомври“ во Јагуна, Сиднеј, се подготвува да го одбележи својот голем 50-годишен јубилеј. Прославата на овој значаен историски датум за македонската заедница во Австралија, ќе се одржи на 12 септември, во Emporium Function Centre во Бенкстаун со почеток во 18 часот.Педесет години се половина век. Но, кога станува збор за едно македонско училиште далеку од татковината, тоа не е само бројка. Тоа се педесет години македонски збор, илјадници детски гласови, генерации ученици, наставници, родители и активисти, кои со својата посветеност го одржувале жив македонскиот јазик и културното наследство во новата средина.Училиштето „11 Октомври“ има посебно место во историјата на македонската заедница во Сиднеј.

Неговите почетоци датираат од 26 јуни 1976 година, кога училиштето ги отворило своите врати. Тоа е забележано и како првото независно македонско етничко училиште во Нов Јужен Велс.Од првите денови, идејата била јасна и благородна – македонските деца родени и израснати во Австралија да имаат можност да го изучуваат својот мајчин јазик, да ја запознаваат македонската историја и култура и да го зачуваат чувството на припадност кон своето национално наследство.Од една генерација до другаНиз училишните простории на „11 Октомври“ во изминатите пет децении поминале илјадници ученици. На училишните клупи се испишувале првите македонски букви, се учеле стихови, песни и македонски зборови, а низ училниците се пренесувале знаењата и љубовта кон македонскиот јазик.Особено значајно е што оваа традиција продолжува и денес.Наставничката Мери Петковска истакнува дека наставниците се горди што ученици кои пред 30 или 40 години го изучувале македонскиот јазик во „11 Октомври“, денес ги носат своите деца и внуци во истото училиште. Тоа најдобро сведочи дека образовната мисија на училиштето не завршува со една генерација, туку се пренесува од колено на колено.Токму затоа, 50-годишниот јубилеј е и празник на сите оние кои низ годините биле дел од оваа приказна.Тоа се учениците кои ги направиле своите први чекори во изучувањето на македонскиот јазик, наставниците кои со љубов и трпение ја пренесувале својата едукација, родителите кои ги испраќале своите деца на часови и членовите на училишните одбори и македонските активисти кои несебично работеле за опстанокот и развојот на училиштето.Во текот на своето 50-годишно постоење, „11 Октомври“ не било само место каде што се изучувал македонскиот јазик.Тоа било и место на дружење, запознавање, создавање пријателства и негување на македонската култура и традиција.Во услови кога новите генерации растат во мултикултурна Австралија, ваквите училишта имаат особено значење. Тие им овозможуваат на младите Македонци да го запознаат јазикот на своите родители и предци и да го сочуваат културното наследство што го наследиле.И токму тоа е најголемото богатство на „11 Октомври“ – не само бројот на учениците што поминале низ него, туку трагот што училиштето го оставило во нивниот живот.По повод големиот јубилеј, управата ги повикува сите поранешни и сегашни наставници и членови на училишните одбори кои сакаат да присуствуваат на свеченоста да се јават кај наставничката Мери Петковска, на мобилниот телефон: 041 647 1616Целта е навремено да им бидат подготвени благодарници како признание за нивниот долгогодишен придонес, работа и посветеност кон училиштето.Воедно, се упатува  повик до сите поранешни ученици кои некогаш седеле во клупите на „11 Октомври“ да бидат дел од оваа историска прослава.Без разлика каде денес живеат и со што се занимаваат, тие се дел од историјата на училиштето.Нивното присуство на јубилејот ќе биде посебно значајно, бидејќи ќе се сретнат повеќе генерации – оние кои ги започнале своите училишни денови во „11 Октомври“, и тие што денес ги носат своите деца и внуци и новите генерации што ја продолжуваат традицијата.

Јубилеј што обединува: ПОЛОВИНА ВЕК МАКЕДОНСКИ ЗБОР ВО АВСТРАЛИЈА

Педесетгодишниот јубилеј на Македонското етничко училиште „11 Октомври“ е повеќе од свеченост.Тоа е потсетување на една голема заедничка работа и на едно време кога македонските активисти во Сиднеј препознале дека без јазик нема културен идентитет, а без образование нема иднина за новите генерации.Од првите ученици во 1976 година до денешните генерации, низ училиштето поминале илјадници млади Македонци. Некои од нив денес се родители и баби и дедовци, а дел од нив повторно се враќаат во училиштето – овојпат со своите најмали.Тоа е најубавата потврда дека македонскиот збор продолжува да живее.Јубилејот е и можност да им се оддаде признание на сите наставници, одборници, родители, ученици и активисти кои во текот на овие пет децении го помагале училиштето и придонесувале за неговото опстојување. Пет децении поминаа, но мисијата продолжува. 

Останати вести