Македонците ја пребукираа Германската амбасада во Скопје – нема термини за интервјуа следните три месеца

Германската амбасада во Скопје соопшти дека поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрирале повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Се работи за термини за интервју за добивање работна виза. Амбасадата одлучила да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед.

„Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин. Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема“, стои во соопштението на Германската амбасада во Скопје.

Преку Амбасадата во Скопје Германија за македонските државјани доделува 24.000 работни визи.

Останати вести